Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се уште не објави каде ќе ја продолжи кариерата, но тоа ќе се случи наскоро. Се очекува норвешкиот напаѓач да се пресели во Манчестер Сити, но апетити за 21-годишниот напаѓач имаат и Реал Мадрид, Барселона и Пари Сен Жермен.
„Мислам дека следната недела ќе имаме поголема јасност за иднината на Халанд“, изјави спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.
За истиот медиум коментираше и спортскиот шеф на Баерн (Минхен) Хасан Салихамиџиќ. Тој потврди дека Баварците не се борат за потписот на Норвежанецот.
„Кој ќе биде следниот клуб во Халанд? Тоа сигурно нема да бидеме ние“, изјави Салихамиџиќ.
Борусија веќе му обезбеди заменик на својот најдобар стрелец во лицето на Карим Адееми, кој на „Сигнал Идуна Парк“ ќе пристигне од РБ Салцбург.
Од истиот клуб „жолто-црните“ го купија и Халанд.