Ковачевски: Изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата

од Берта Китинска
220 прегледи

Денеска одбележуваме и славиме голем ден – 9 мај, како Ден на победата над фашизмот и како Ден на Европа. Ова е ден кога се поклонуваме пред големото дело на припадниците на партизанските единици од Народно ослободителната војна, кои со двете заседанија на АСНОМ ја заокружија вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

-Изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата. Дом на слободата за сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите. Дом каков што е денеска Европската Унија, како што е напредна и прогресивна Европа, вели Ковачевски.