Британската економија на раб на рецесија, инфлацијата може да надмине 10%

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Банката на Англија предупреди дека Британија е на работ на тешка рецесија. Главна причина за тоа се очекувањата дека инфлацијата во земјата ќе надмине 10%.

Во март оваа година, потрошувачките цени во Обединетото Кралство се зголемија за 7 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Националната канцеларија за статистика (ONS).

Порастот на цените е рекорден од март 1992 година. Инфлацијата забрзува во однос на претходниот февруари, кога потрошувачките цени се зголемија за 6,2%.

Аналитичарите анкетирани од Блумберг очекуваа просечната потрошувачка инфлација во март да биде 6,7%. Консензусната прогноза на економистите, составена од Trading Economics, исто така предвидуваше раст од 6,7%. Нивните предвидувања не се остварија, а во наредните месеци кризата уште повеќе се продлабочи.

Според сè повеќе финансиски експерти, британската економија се соочува со реален ризик да западне во рецесија во текот на летото во позадина на најголемата контракција на приходите на домаќинствата од средината на 50-тите години на минатиот век.

Слични содржини