Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022):
Направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 79, Битола – 29, Прилеп – 9, Охрид – 8, Куманово, Кавадарци и Велес – по 5, Кичево – 4, Тетово и Ресен – по 3, Штип и Гевгелија – по 2, Гостивар, Струга, Радовиш, Богданци и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (159), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 225 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Битола – 40, Прилеп и Охрид – по 9, Делчево – 6, Кавадарци – 5, Штип – 4, Гостивар – 3, Тетово, Струмица и Демир Хисар – по 2, Кичево, Ресен, Струга, Неготино, Берово и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022), пријавено е едно починато лице од Охрид (82г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (58г и 83г). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27.04.-29.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, на починатие 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 578.