СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше Денот на победата над фашизмот

од Nikola Popovski
250 прегледи

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски денеска не испрати своја партиска делегација и го бојкотираше централниот настан за чествување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, соопштија од владеачката СДСМ.

Според партијата, тоа е срамно, неодговорно и скандалосно постапување на ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно дека на партијата предводена од Мицкоски Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа не и значи ништо. Државноста на нашата земја почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста. Со денешното отсуство од одбележувањето на овој важен датум, ВМРО-ДПМНЕ повторно се постави антидржавнички, на спротивната страна од интересите и заложбите на граѓаните, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.