Истражување: 76 проценти од Финците сакаат влез во НАТО

од Nikola Popovski
209 прегледи

Повеќе од три четвртини од Финците сега ја поддржуваат кандидатурата за влез во НАТО, според новото истражување објавено неколку дена пред очекуваната одлука на Хелсинки за ова прашање.

Според истражувањето објавено од јавната телевизија, 76 отсто од Финците – рекорден број – сакаат земјата да се приклучи на НАТО. Таа бројка во март беше 60 отсто. Во целиот политички спектар, испитаниците се за влез во Алијансата, заклучува истражувањето на јавното мислење, пренесува Хина.

Како и во Шведска, руската инвазија на Украина го промени ставот на јавноста кон Северноатлантската алијанса. Пред инвазијата, пристапот на Финска во НАТО во последните години беше меѓу 20 и 30 проценти.

Се очекува Финска да поднесе барање во следните неколку дена. Во парламентот мнозинството го сочинуваат пратеници кои се за влез во НАТО – 121 од 200 пратеници. Само десет гласаа против.

Слични содржини