Унгарија ни донираше 72.000 брзи ковид-тестови

од Nikola Popovski
261 прегледи

Министерот за здравство Беким Сали информира дека обезбедени се 72 000 брзи антигенски тестови за Ковид-19, како поддршка од Република Унгарија.

-Со амбасадорот на Унгарија во земјава, Ласло Дукс имавме примопредавање на оваа донација. По примопредавањето,тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман. Благодарност за оваа поддршка во нашиот здравствен систем, со која уште еднаш од страна на Унгарија се докажува нивната солидарност за поуспешно справување со ковид пандемијата, соопшти Сали.

Слични содржини