Наместо празни соопштенија СДСМ да пишува, Ковачевски нека се охрабри за лидерска средба, вели во изјава за „Локално“, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Според неа барањето на владејачката партија, пратениците кои бојкотираат да не земаат го покажува „стравот од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори“.
-СДСМ поучени од својата пракса да не учествуваат во работата на Собрание, а да земаат плата не знаат што попрво да побараат и измислат, од страв од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори.Со лошите политики и неспособноста на власта, Македонија се повеќе тоне.Владата на Ковачевски е дел од проблемите, и не може да биде решение за истите.Од СДСМ треба да одговорат колку вкупно пари ја чинеше Македонија нивното неучество во Собранието.ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со учество и активна блокада на штетните закони, подвлекува Митева.
Денеска владејачката партија побара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бојкотираат и блокираат Собрание да не бидат исплатени за својата неработа и деструктивно однесување.
-Тие итно треба да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и се што им следува, бидејќи тоа не го заслужуваат.Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб, соопштија од СДСМ.