Нема продолжување на учебната година- преговорите помеѓу СОНК и МОН продолжуваат

од Берта Китинска
461 прегледи

Владата одлучи дека нема да има продолжување на учебната година.

Владата на редовната 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

Денеска и петок ќе продолжат преговорите за зголемување на платите во образованието и градинките меѓу СОНК и Министерството за образование.

Ова ќе биде вториот и последен рок од 10 дена предвиден со заемниот договор, чиј епилог ќе одлучи дали штрајкот повторно ќе се активира или не. Исто така, од крајот на овие преговори ќе зависи и исплатата на платите за сите вработени кои штрајкуваа.

„Верувам дека процесот на разговори со СОНК ќе даде решение, дека ќе имаме расат на платите на наставниците и методологија која ќе овозможи раст на платите во иднина. Но не едноставен раст, туку раст проследен со зголемување на ефикасноста и продуктивноста“ рече премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека во разговорите со СОНК транспарентно биле изложени фискалните и монетарните претпоставките за државата, но дека и покрај разговорите тие веднаш повикале на штрајк.

„Со синдикаатите имавме исклучително успешни разговори за минималната плата, а сите пореметувања на светските берзии покажаа дека тоа е вистински потег. Оние што се најмалку платени, тие најмногу придонесуваат во економијата. Најголем дел од примателите на минимална палта работат во приватен сектор, а тие се тие кои го плаќаат и јавниот сектор кој брои 132 илјади вработени“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека платите на вработените во јавниот сектор ги плаќаат тие кои работат во приватниот и дека за возвраат на тоа тие очекуваат подобрени услуги, кои ќе го подобрат нивниот живот.

Генералниот штрајк во образованието почна на 11 април и траеше до 28 април .Владата, понуди покачување на платите од 12 отсто.

Слични содржини