Избрани првите 10 финалисти на Евровизија: Хрватска и Албанија отпаднаа

од Nikola Popovski
360 прегледи

По првото полуфинале, кое се одржа синоќа, познато е кои земји ќе настапат во финалето на Евровизија на 14 мај во Торино.

Синоќа пред публиката ширум Европа се претставија изведувачи од 17 различни земји, а 10 од нив обезбедија пласман во финалето.

Од балканските земји веќе отпаднаа Хрватска, Албанија и Словенија.

Ова се првите финалисти на овогодинешната Евровизија, кои повторно ќе настапат во сабота на 14 мај: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Македонската претставничка Андреа Коевска ќе настапи на втората полуфинална вечер закажана за утре, 12-ти мај.

Слични содржини