Брејди го потпишува најголемиот договор за спортски аналитичар во историјата

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Том Брејди веќе си обезбеди нова работа за времето, откако ќе се откаже од НФЛ.

Бекот на Тампа Беј, ќе биде главниот НФЛ аналитичар за „Фокс Спортс“ откако ќе го одигра својот последен професионален натпревар во американскиот фудбал.

Извршниот директор на „Фокс Корп.“, Лохлан Мардок, ја објави веста за време на презентацијата на резултатите на компанијата за третиот квартал од финансиската година.

„Целосно зависи од него кога ќе одлучи да го напушти спортот и да продолжи со кариерата во телевизијата“, рече Мардок на прашањето кога се очекува да стапи на сила договорот на Брејди.

Мардок, исто така, додаде дека договорот ќе биде долгорочен. Покрај тоа, Брејди ќе ја игра улогата на „амбасадор“ на телевизија.

„Њујорк пост“ објави дека договорот на Брејди е вреден 375 милиони долари за 10 години, што го прави најголемиот договор за спортски аналитичар во историјата на телевизијата, според „NBC Sports“.

Брејди, кој ќе наполни 45 години подоцна оваа година, првпат објави во февруари дека планира да се откаже од спортот. Само неколку недели подоцна, сепак, се предомисли и објави дека се враќа на теренот.

Во интервју за Complex минатиот месец, Брејди рече дека мислел дека може да се „натпреварува“ до својата 50-та година, но веројатно нема да го стори тоа.

Слични содржини