236
Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон денеска изјави дека се согласил со новите договори со Шведска и Финска за подобрување на европската безбедност и вети дека ќе ги поддржи армиите на двете земји доколку бидат нападнати.
За време на денешната посета на Шведска и Финска, се очекува Џонсон да потпише нови декларации, кои Британија ги опишува како „чекор кон промена во одбранбената и безбедносната соработка“.
Шведска и Финска веќе добија ветувања за поддршка од САД и Германија.