552
Вработен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ пријавил дека бил нападнат од неговиот шеф.
-Во текот на вчерашниот ден во 13.30 часот во Полициската станица Центар, Р.Ц.(39) од Ново Село, скопско, пријавил дека на работното место во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од Б.Е.(37) од Скопје, негов претпоставен.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, стои во полицискиот билтен.