Лидерот на самопрогласената република Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека проруските сили сега се свртуваат кон решавање на ситуацијата во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, последното упориште во градот што не е под руска контрола, пренесе ТАС С, а пренесе Би-Би-Си.
Пушилин рече дека, според неговите информации, нема повеќе цивили во Азовстал, што значи дека рацете на неговата единица се одврзани, пренесе Би-Би-Си.
Во нападот на челичарницата учествуваат проруски сили од Доњецк, а баталјонот Азов во средата објави дека Русите извршиле 38 воздушни напади врз индустрискиот комплекс во изминатите 24 часа.
Во вторникот градоначалникот на Мариупол изјави дека во фабриката за челик има уште околу 100 цивили, што го демантираше вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук, наведувајќи дека во Азовстал повеќе нема жени, деца и стари лица.
Украинските власти тврдат дека во фабриката за челик има околу 1.000 борци, од кои многумина се ранети.