37-годишниот дефанзивец на Јувентус и на репрезентацијата на Италија, Џорџо Киелини објави дека по завршувањето на сезоната ја напушта „Старата дама“.
Информацијата првично ја откри новинарот Фабрицио Романо по финалето на Купот на Италија, освоено од Интер со 4:2 по продолженијата. Малку подоцна и самиот играч потврди лично.
-Последните 10 години беа одлични. Направив се што можев и се надевам дека ќе оставам нешто зад себе. Во понеделник ќе се збогувам со навивачите на нашиот стадион, а потоа, ако имам сили, ќе можам да играм во Фиренца. Изборот е целосно мој. Секогаш сум велел дека сакам да заминам додека сум на високо ниво, а не после тоа. Дадов се од себе и ќе останам верен навивач на Јувентус“, изјави дефанзивецот.
Киелини се уште не ја одредил својата иднина, но познато е дека има најмалку два предлози од тимови од МЛС на САД, еден од Л.А. Галакси.
Џорџо е дел од Јувентус од 2005 година, откако беше доведен од Фиорентина за 7,7 милиони евра. Со торинскиот тим има 559 натпревари на кои постигна 36 гола и 25 асистенции.
Со Јувентус, Киелини има освоено девет титули во Серија А, по пет национални купови и Суперкупа, како и титула во Серија „Б“ во сезоната 2006/2007, кога „бјанконерите“ беа казнети по аферата Калчополи.
Киелини веќе го најави последниот меч со Италија, а ова ќе биде контролната со Аргентина на „Вембли“.