Киелини откри зошто оди во американското првенство

од Vladimir Zorba

Поранешниот капитен на Јувентус Џорџо Киелини призна дека сака да ја заврши кариерата во странство за да го стекне искуството што ќе му биде потребно за следната работа. Како што е познато, 37-годишниот играч ќе потпише со американскиот ФК Лос Анџелес.

„Најтешко е да се испразни хотелската соба на клубот во кој живеам последните четири години. Имаше се во собата – од медал на Европското првенство до специјални дресови и договори“, изјави дефанзивецот за радио Ankeio Sport. „Сега ми треба искуство во странство за да ја затворам фудбалската кариера. Затоа сакам да одам во првенство кое во моментов расте, за потоа мојата кариера да расте“, изјави Киелини.

„Подготвен сум за други улоги низ теренот, ментално сум подготвен да станам тренер. Сакам да запознаам се што се случува надвор од теренот, во канцелариите, но ми треба трпение и волја за жртвување. Неколку години се надевам дека ќе научам се за тешкотиите. Американската авантура се однесува на мојата иднина“, објасни Кјелини.

„Федерико Гати? Тој ми остави многу добар впечаток во деновите пред мечот со Аргентина. Тој е одлично момче, има технички и физички квалитети. Мора да работи , но има се за да успее со Јувентус и репрезентацијата“, смета фудбалерот. „Мислам дека Интер следната сезона ќе биде пред сите. Иако сега ја загуби титулата, тие се над другите тимови, но ќе видиме во август-септември“, заклучи ветеранот.

Слични содржини