Атлетико ја оствари целта, задоволен е Симеоне

од Vladimir Zorba
356 прегледи

Атлетико Мадрид го победи Елче со 2-0 во натпревар од 36. коло на шпанската Ла Лига и обезбеди пласман во зоната на Лигата на шампионите во новата сезона. Интересно, ова е десетта година по ред откако тренер на „јорганџиите“ беше аргентинскиот стручњак Диего Симеоне.

Под негово водство, Атлетико често добиваше критики за неговиот стил на игра, но не може да се негира ефективноста на Симеоне, што ја оправдува неговата висока плата. Атлетико три пати играше во финалето на најпрестижниот европски турнир, но сепак не може да се пофали со освоен трофеј.

„Пред се, среќен сум за играчите кои не играа толку често колку што сакаа. Целта ја остваривме со пласманот во Лигата на шампионите. Ова е резултат на нашата добра работа и е целосно заслужено. Не се претставивме стабилно во првенството, но од друга страна се претставивме доста добро во Лигата на шампионите“, прокоментира Симеоне.

Слични содржини