Украинската армија: Русија продолжува да ја напаѓа фабриката за челик Азовстал

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Украинската армија денеска соопшти дека руските сили ги продолжуваат воздушните напади врз фабриката за челик Азовстал во Мариупол и се обидуваат да напредуваат кон градовите во источна Украина.

Украинскиот Генералштаб истакна дека руските сили отвораат и артилериски оган и ја гранатираат украинската армија во правец на Запорожје, кој е засолниште за цивилите кои побегнале од Мариупол, пренесе АП.

Руските сили ги нападнаа украинските единици северно од Харков, а има извештаи за напади врз регионите Чернихив и Суми.

Слични содржини