Уметницата Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка и водителка Јулија Мациевска, утрово почина на 41 годишна возраст.
Андријана долг период водеше битка со ракот.
Нејзината мајка Јулија пред неколку дена јавно упати апел на социјалните мрежи со цел луѓето да се помолат за влошената состојба на нејзината ќерка.
„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно сè. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господе помилуј, Оче спаси нас“, објави Јулија на својот профил на Фејсбук.
Андријана зад себе ја остави ќерката Стефанија.