Александар Стојковски е новиот вршител на должноста директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, соопшти Град Скопје.
Стојковски е дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во ЈСП „Скопје“.
– Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред се во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани, се наведува во соопштението на Град Скопје. Натаму се додава дека ЈСП „Скопје“ ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани, велат од Град Скопје.