Поради неспособноста на Данела Арсовска од денеска целата општина Шуто Оризари е отсечена од јавниот автобуски превоз. Три месеци Градот предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не исплаќа надомест кон приватните превозници, па затоа тие денес решија да престанат со возење на линиите кои ги опслужуваат. Со тоа се десеткуваше возниот ред на автобусите, а кон Шуто Оризари автобуси речиси и не сообраќаат биде со линиите „19“ и „20“ располагаат приватните превозници, обвини Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.
Според неа, Арсовска докажа дека не е способна да го менаџира и актуелниот систем на јавен превоз, а не пак да набави нови 250 автобуси и да воведе бесплатен јавен превоз.
-Или Арсовска можеби мисли дека бесплатен автобуски превоз подразбира приватните превозници да водат бесплатно за ЈСП и Град Скопје? Шест месеци потроши Арсовска од мандатот а не само што не реализира ниту еден проект, туку прекина и важни проекти од нејзиниот претходник, додаде Божиновска.