Длабока почит кон шесте медицински сестри кои денеска постухмно беа одликувани, за нивната пожртвуваност, кажа министерот за здравство, Беким Сали на настанот организаран од Унијата на здруженија на медицински сестри по повод Меѓународната недела на сестринство и денес на Меѓународниот ден на медицинската сестра, потенцирајќи дека тие ги загубија животите во ковид пандемијата, вложувајќи го својот живот во грижата за пациентите и спасување на нивните животи.
– Чест ми е што денес заеднички, тука во Градскиот парк го одбележуваме Меѓународниот ден на сестринството. Годинешното мото „Глас што води“ уште еднаш ја потенцира нивната важност во здравствениот систем, а искуства, вештини и знаења ни се потребни за заеднички да креираме политики, кои од една страна ќе значат унапредување на статусот на медицинските сестри, а истовремено тоа ќе значи и позадоволни пациенти. Го честитам Меѓународниот ден на медицинските сестри, како и неделата на сестринството, порачувајќи дека преку заемна доверба, почит и работа заеднички можеме значително да го унапредиме статусот на медицинските сестри, зашто тие тоа го заслужуваат, порача министерот Сали на настанот организиран од Унијата на здруженија на медицински сестри во градскиот парк.