Украински коментатор ја пренесуваше Евровизија од засолниште (ФОТО)

од Nikola Popovski
399 прегледи

Претставниците на Украина на Евровизија настапија во првата полуфинална вечер и успеаја да се пласираат во финалето.

Бидејќи во нивната земја е воена состојба, имаа голема поддршка и на сите им се заблагодарија за тоа.

Меѓутоа, една фотографија го обиколи светот и многумина ги растажи.

Имено, украинскиот евровизиски коментатор Тимур Мирошниченко ја пренесуваше Евровизија од засолниште.

Таа сцена никогаш никого не остави рамнодушен. Украинците добро котираат на обложувалниците и имаат големи шанси за победа.

Нашата претставничка Андреа Коевска настапува вечерва на втората полуфинална вечер, под реден број 11.

Слични содржини