Трајанов: Ако има отворени листи, не треба да постојат коалиции

од Берта Китинска
274 прегледи

Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Клик Плус“ кажа дека една изборна единица е вистински модел за Македонија.

Исто така проговори и за отворените листи, и смета дека ако ги има, тогаш не треба да постојат коалициите.

„Ако има отворени листи, не треба да постојат коалиции. За тој систем не треба да брзаме. Клучно е меѓудругото, има решение во овој изборен закон кој го предлагаме, се разрешува прашањето на малите етнички заедници, се гарантира вклучена застапеност во Парламентот. Но има еден услов, мораат и тие да имаат најмалку гласови колку што се потребни за еден пратеник. Конкретно, ако има три турски политички партии, сите заедно имаат 10.000 гласа, таа што има најмногу, ќе влезе во Парламент.

Подобро е помалите етнички заедници да се натпреваруваат. Ако вие имате квота задолжителна, тогаш партиите ќе се договараат со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Има слабости, но тоа решение треба да се надоградува. Ќе го отвориме прашањето околу изборниот праг, тоа не е спорно. Првиот изборен процес откако ќе биде една изборна единица, да има природен праг.