336
Од СВР Велес информираат дека вчера го лишиле од слобода С.Д (42) од Велес кој се сомничи дека ноќта помеѓу 09 и 10.05.2022 извршил четири тешки кражби во три продажни објекти и градинка на подрачјето на Велес.
Како што информира МВР, лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.