231
Премиерот Димитар Ковчевски вели дека ја има видено снимката од претседателот на Собранието Талат Џафери, но нема да ја коментира бидејќи не се гледа кој зборува.
-Снимката ја имам видено, но се работи за разговор за кој не се гледа кој со кого разговар и дали лицето со кое се разговара е вработен и затоа не можам да коментирам и да дадам конкретен одговор бидејќи на снимката не се гледа кој со кого зборува , кажа Ковачевски.
Снимката која се појави на социјалните мрежи е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а според коментарите на објавите, таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.