Македонските и бугарските историчари имале конструктивна средба, наредната е закажана за септември

од Nikola Popovski
263 прегледи

Министерството за надворешни работи информира дека вчера и денеска Мешовитата историска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија имала средби во Софија.

Според соопштението, историчарите во конструктивна атмосфера имале дискусија на која биле разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование, кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период.

-Двата тима од Комисијата ги усогласија и ги потпишаа записниците од претходните средби. Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година, велат од МНР.

Ова беше трета од предвидените пет средби. На последниот состанок во Скопје, на почетокот на месец април, на дневен ред беа забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за македонските учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шесто одделение.

Слични содржини