Русија повеќе нема да ја снабдува Финска со струја

од Nikola Popovski
168 прегледи

Русија од утре ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Финска поради неплаќање, соопшти денеска снабдувачот на „Rao Nordic Oy“, кој е во 100% сопственост на руската компанија „InterRaо“.

Ова беше објавено во време кога се зголемуваат тензиите меѓу Москва и Хелсинки, кој најави дека сака без одлагање да стане членка на НАТО, поттикната од руската офанзива во Украина. Москва не гледа добро на таа намера и се закани со воено-технички одговор.

Хелсиншкиот „RAO Nordic Oy“ нема платено за електрична енергија испорачана на Финска од 6 мај, се вели во соопштението на групата, додавајќи дека нема средства да плати за електрична енергија увезена од Русија.

„Тоа е вонредна ситуација и тоа се случува за прв пат по повеќе од 20 години. Затоа, принудени сме да го прекинеме увозот на струја од 14 мај“, се вели во соопштението на снабдувачот.

Се надеваме дека ситуацијата наскоро ќе се подобри и ќе продолжи снабдувањето со електрична енергија од Русија.

„RAO Nordic Oy“ е главен увозник на електрична енергија од Русија на нордиските пазари и е активен во Европската унија од 2002 година.

Финскиот претседател и премиер во четвртокот изразија подготвеност нивната земја без одлагање да влезе во НАТО и дека таа одлука ќе и ја пренесат на Алијансата во недела.

Кремљ изјави дека влезот на Финска во НАТО ќе биде закана за Русија.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија ќе биде „принудена“ во случај Финска да влезе во Алијансата.

Слични содржини