Бектеши: Помали сметки за струја ќе плаќаат луѓето со помали примања

од Nikola Popovski
212 прегледи

Наскоро ќе се воведе новиот модел на тарифа на електричната енергија, изјави вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши.

Притоа тој вели дека со новите тарифи помалку ќе плаќаат граѓаните кои помалку трошат на струја, а имаат помали приходи.

„Ќе воведеме блок-тарифи со единствена цел да имаме тарифа која ќе биде еднаква за сите граѓани во зависност од потрошувачката на граѓаните, но и во зависност од приходите на граѓаните“, рече Бектеши.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска истакна дека се прават сите калкулации на менување на тарифникот и тарифата на дефинирање на цената на струјата.

-Секако, најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени со новиот модел на тарифирање. Тие што се најранливи, ќе плаќаат најмалку – тоа нема да значи можеби зголемување, туку намалување на тарифата за најпогодените. Наскоро ќе го видиме моделот. Ќе се направи праведно и правично тарифирање на електирчната енергија, според потрошувачката, информира Битиќи.

Од јули се очекува нова цена на струјата, но се уште не се знае дали ќе поевтини или ќе поскапи.

-Се ќе зависи од тоа колку струја ќе можат да произведат државните електрани, објасни Битиќи.

Слични содржини