162 санкционирани возачи во Скопје, 20 возачи на мотоцикл

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 20 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Слични содржини