Финска и Шведска доаѓаат на неформалниот состанок на НАТО

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Шведска и Финска ќе присуствуваат на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин подоцна во текот на денот.

Иако не се членки на Северноатлантската алијанса, Финска и Шведска беа поканети на состанокот бидејќи се очекува двете земји наскоро да поднесат барање за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина, јави Би-Би-Си.

Москва рече дека влегувањето на која било од овие две нордиски земји во НАТО ќе го сфати како закана.

Со влегувањето во НАТО, Шведска и Финска ќе изгубат децениски воено неутрален статус.

На состанокот во Берлин ќе присуствува и Турција, која во петокот беше единствената земја членка на НАТО која се спротивстави на влезот на Шведска и Финска.

Слични содржини