Работиме во полза на граѓаните, избори час поскоро, велат од Белата палата

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Активната блокада продолжува, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните и на се што не е нужно за државата, а значи оптеретување на буџетот или полза на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните, соопштија од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да се определи датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери.

Ковачевски да се охрабри и да се спроведе дијалог за предвремени парламентарни избори. Избори се потребни час поскоро“, додаваат, меѓу другото, од партијата на Мицкоски.

Слични содржини