267
Роберт Левандовски и официјално ја објави желбата да го напушти Баерн (Минхен) ова лето, призна спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ пред последниот натпревар на тимот оваа сезона против Волфсбург.
„Разговарав со Левa. Во текот на нашиот разговор тој ми кажа дека не сака да ја прифати нашата понуда за нов договор и дека би сакал да го напушти клубот. Ми објасни дека би сакал да проба нешто ново. Сепак, нашиот став останува непроменет. Роберт има договор со Баерн до 30 јуни 2023 година. Тоа е факт!“, изјави Салихамиџиќ.
Полскиот напаѓач ја завршува осмата сезона во Минхен, a секогаш стануваl шампион.
Барселона е главен кандидат за него.