Членовите на Г7 ја повикаа Кина да престане да ја поддржува Русија

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Земјите членки на Групата седум најразвиени земји (Г7) денеска ја повикаа Кина да не и помага на Русија, а особено да не ги поткопува меѓународните санкции и да не ги оправдува постапките на Москва во Украина.

Пекинг треба да ги поддржи суверенитетот и независноста на Украина, а не да „и помага на Русија во нејзината агресорска војна“, се наведува во заедничките заклучоци на Г7, пренесе АП.

Овие земји, исто така, ја повикуваат Кина, како што тврдат, да престане да манипулира со информации и дезинформации и „да преземе други активности за да и дава легитимитет на руската агресивна војна против Украина“.

„Никогаш нема да ги признаеме границите кои Русија се обиде да ги промени со воена агресија“, изјавија членовите на Г7, пренесе американската агенција.

Обединетото Кралство, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД го повторија својот став дека териториите окупирани од руските сили треба да и бидат вратени на Украина и ја повикаа Кина да го почитува меѓународното и националното право.

Членовите на Г7 ја нагласуваат важноста на мирот и стабилноста преку Тајванското Море и го поддржуваат учеството на Тајван на Светското здравствено собрание и техничките состаноци на СЗО и изразуваат длабока загриженост за почитувањето на човековите права во Кина, особено во Ксинџијанг и Тибет, се вели во соопштението.

Слични содржини