Порто и Спортинг ја завршија сезоната во Португалија со рекорди

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Порто го победи Есторил со 2-0 во последниот натпревар оваа сезона. Избраниците на Серхио Консеисао ја обезбедија титулата пред една недела со победата против Бенфика во Лисабон, а синоќа им беа доделени одличјата на „До Драгао“.

Шампионите претрпеа само еден пораз во текот на кампањата и собраа рекордни 91 бод.

Минатогодишниот шампион Спортинг, пак вчера ја совлада Санта Клара со 4-0.

Спортинг на тој начин за прв пат во својата историја забележа 39 победи на сите турнири во една сезона. Тимот заврши со 85 бода во првенството, но тие не беа доволни за титулата.

Бенфика ќе заврши на третото место, а четвртата позиција е за Брага.

Слични содржини