Не стивнуваат реакциите за навредите на Џафери

од Берта Китинска
230 прегледи

Левица бара собраниската Комисија за деловнички прашања да му изрече суспензија на собранискиот претседател Талат Џафери, за кого се појави аудио снимка на која тој пцуе и навредува вработени.

Иако поминаа два дена, велат дека Талат Џафери сѐ уште молчи надевајќи се дека настанот ќе се заборави за некој ден.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека со своето однесување Талат Џафери ги навредил мајките на вработените во Собранието кои се и Македонци и Албанци и Власи, Турци, Срби и не разбира зошто премиерот Димитар Ковачевски јавно премолчува и нема реакција.

„Па се срамам што го познавам тој човек вака да ви кажам отворено, се срамам што ете така животот ме натерал да го запознам тој човек и навистина не можам да го разберам што е тоа толку што го држи Ковачевски при уши глув при очи слеп да мора јавно да го премолчува, што е тоа што го има заробено а да го трпи овој срам и ова понижување и тој лично но и граѓаните. Бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци кои што се Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци не е битно тој така ја навредува мајката. И тоа така помина. Ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите тоа вака морам да признам го ставија на едно високо ниво, ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем има посебни институции кои што се грижат за тоа, парламентот и вработените таму не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лечи. Така што еве ќе завршам како што и почнав се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа“, нагласи Мицкоски.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека ја погледнал снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, но не може да ја коментира зашто, како што изјави денеска, од неа не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара.

-Таа снима ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува, кусо одговори Ковачевски на новинарско прашање.

На социјалните мрежи се појави аудио снимка каде се слуша како едно лице се обраќа со висок тон и навредливи зборови на некои одредени лица. Се претендира дека лицето кое зборува е парламентарниот спикер Талат Џафери.

-Сите службеници, конкретно од седниците, веднаш кај мене. Освен од седниците,сите што седат таму, сите, до последниот. Вие што земате плата и си играте тука. Ајде бегај, бегај таму, бегај…ќути, да ти….Што бараш овде? Ајде бегај, надвор!, се зборовите кои се слушаа на снимката.

Слични содржини