Во игра се три локации за новиот клинички центар

од Берта Китинска
353 прегледи

Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција ја истакна поранешната касарна „Илинден“ како една од трите можни локации за изградба на нов клинички центар.

Министерот Сали потсети дека за изградба на нов клинички центар се зборува 17 години и уште еднаш кажа дека со неговата изградба ќе се надминат сегашните маки кои ги имаат пациентите со препраќање од една на друга клиника оти сè ќе добијат на едно место.

„ Локацијата не е одредена сто посто. Една е Илинден, но има три позиции кои се предмет на дискусија. Која локација ќе биде одредена, освен од политичкиот момент, кој не е главен, ќе зависи од делот на катастарските услови. Клиничкиот центар треба да се изгради на локација со постојна логистика, да не трошиме дополнителни средства за оддалеченост која во минатото била предмет на дискусија и блокирање. Локациите засега сè уште се Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има постоечка болница со надградување и проширување на дејноста“, рече министерот Сали.

Слични содржини