Шведска е повеќе од 200 години неутрална земја, тоа се сериозни поместувања. Видовме дека и една Швајцарија се вклучи во конфликтот со одредени донации, а се чини најголемо е разбирањето кон Финска, бидејќи земјата има конпена граница од 1300 километри со Русија и го покрива целото северно крило на НАТО. Нивното пристапување би било реално и би се случило многу брзо. Им оди во прилог и драстичната промена на јавното мислење во двете земји, вели универзитетскиот професор Александар Нацев во емисијата „Топ тема“.
Нацев повтори дека политиката на Русија и нивната воена доктрина е целосно против проширувањето на НАТО.
-Тука не треба да заборавиме дека Русија во фокус ја има и ЕУ, која за првпат годинава издаде документ, кој е близок до стратешкиот концепт на НАТО, кој што треба да се обнови годинава. Инвестициите се сериозни. Европската одбранбена агенција е тука, истакнува Нацев.
-Нема време за емоции и сочувство. Мора да се следи тоа што ни го нуди реал-политиката, сопствениот интерес, па сѐ друго. Затоа во моментов одлуките на Шведска и Финска се оправдани, баш во овој момент, рече Нацев.