Матевски: Признавањето на МПЦ-ОА е поради Преспанскиот договор и Бајден

од Nikola Popovski
231 прегледи

Професорот на УКИМ Зоран Матевски смета дека целата ситуација околу Македонската православна црква е благодарение на Преспанскиот договор.

-Да не беше Преспанскиот договор немаше да дојде до канонско признавање од Вселенската патријаршија и најавената заедничка литургија со СПЦ, затоа што Грчката православна црква е исклучително блиска со Цариград и тоа немаше никогаш да се постави. ГПЦ лобирала. Вие знаете дека низ целата историја на Вселенската патријаршија, поглавар е Грк. Втора работа е што Вселенската патријаршија е во блиски односи со американската администрација на американскиот претседател Џозеф Бајден. Целото ова зреење е поттикнато од таму. Во втората половина на 2021 година, вселенскиот патријарх Вартолемеј беше кај Бајден и сигурно разговарале и за МПЦ, информира Матевски во емисијата „24 анализа“.

Тој додава дека ако „Српската и Руската православна црква и пет грчки нѐ признаат, сигурно дека ќе не признае и Бугарската православна црква“.

Слични содржини