Шакири е најплатениот фудбалер во американската МЛС лига

од Vladimir Zorba
379 прегледи

Играчот од средниот ред на Чикаго Фајр, Џердан Шакири е најплатениот играч во американската МЛС лига.

30-годишниот швајцарски репрезентативец, кој оваа сезона му се приклучи на Чикаго од Олимпик Лион, земал плата од 7,35 милиони долари годишно и вкупна плата од 8.153.000 долари, според податоците објавени од Здружението на фудбалери.

Се очекува да биде престигнат од италијанскиот крилен напаѓач Лоренцо Инсиње, кој летово од Наполи доаѓа во Торонто. Напаѓачот на Л.А., Хавиер Ернандез ја започна сезоната на второто место со 6 милиони долари, а трет е напаѓачот на Интер Мајами Гонзало Игуаин со плата од 5,1 милиони долари и вкупен приход од 5.793.750 долари.

Играчот од средниот ред на Торонто, Алехандро Посуело е четврти (3,8 милиони долари, 4.693.000 долари), а потоа следи напаѓачот на Њу Ингланд, Џози Алтидор (3.706.139 долари, 4.264.963 долари) и други.

Карлос Вела е седми (2,25 милиони долари, 4,05 милиони долари).

Здружението на играчи соопшти дека просечната плата се зголемила за 10,3 отсто на 438.728 долари од 397.753 долари во 2021 година.

Слични содржини