Почнаа преговорите за одржување на Евровизија во Украина

од Nikola Popovski

Оркестарот „Калуш“ кој ја претставуваше Украина со песната „Стефанија“ го освои првото место на овогодинешната Евровизија.

По оваа победа, во Украина почнаа преговори за тоа каде и како ќе се организира Евровизија следната година.

Имено, веднаш по враќањето на бендот кој победи во нивната земја, во Лвов се одржа прес-конференција на која беше соопштено дека преговорите за следната Евровизија веќе се започнати.

Никола Чернотички, претседателот на управниот одбор на радиодифузната компанија на Украина, рече дека ќе даде се од себе ова натпреварување следната година да се одржи во Украина, но дека за оваа идеја е потребна помош од државата.

„Сакам да им честитам на сите за оваа победа. Одлично е што Украина по трет пат победи на Евровизија, за да се доближи што е можно повеќе до европското семејство. Многу сум благодарен на оркестарот Калуга и неговиот фронтмен, Олех Псиук. за нивните напори.подготовки и настапи во ова тешко време“, рече Чернотички, додавајќи:

„Сега сме пред уште еден предизвик – да бидеме домаќини на Евровизија 2023 година во Украина. Ако другите земји се занимаваат со инфраструктурни и финансиски прашања, ние секако имаме важен безбедносен фактор. даваме се од себе и се надевам дека државата ќе не поддржи да го одржиме Евросонг овде. Се надевам дека Евровизија ќе се одржи во мирна Украина“.

Од друга страна, поради непредвидени околности и безбедносни фактори кои се најважни, постои можност неговата идеја да не се оствари, па да не се исполнат неопходните услови за одржување на Евровизија следната година во Украина.

Сличен став има и фронтменот на „Калуш оркестар“ Олех Псиук.

„Многу земји веќе ни кажаа дека можат да бидат домаќини на Евровизија ако не успееме. Но, се надевам дека ќе бидеме домаќини на Евровизија во среќна, обновена и силна земја“, рече Олех.

Слични содржини