Бајден за влезот на Финска и Шведска во НАТО: Историска одлука, ја поддржувам

од Nikola Popovski
231 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ја нарече „историска“ одлуката на Финска и Шведска да бараат членство во НАТО и рече дека „силно ќе ги поддржи“ пријавите.

Бајден утре во Вашингтон ќе се сретне со финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон за да разговараат за нивните кандидатури и ситуацијата во Украина.

„Финска и Шведска се долгорочни, силни партнери на САД. Со влезот во НАТО тие дополнително ќе ја зајакнат нашата одбранбена соработка и ќе имаат корист за целата алијанса“, рече Бајден.

Претставниците на Финска и Шведска утрово во Брисел официјално поднесоа барање за придружување кон НАТО, што е одлука поттикната од руската инвазија на Украина и со која започнува пристапниот процес кој се очекува да трае неколку недели.

Слични содржини