САД повторно ја отворија амбасадата во Киев

од Nikola Popovski
237 прегледи

Амбасадата на САД во Киев продолжи со работа во средата, изјави државниот секретар Ентони Блинкен, речиси три месеци откако дипломатите беа евакуирани и сите активности на дипломатската мисија беа суспендирани поради руската инвазија на Украина.

„Украинскиот народ, со нашата безбедносна помош, ја одбрани својата татковина од неразумната инвазија на Русија, и како резултат на тоа, нашето знаме со ѕвезди и пруги повторно се вее над амбасадата“, рече Блинкен во соопштението.

Портпаролот на американската амбасада во Киев, Даниел Лангенкамп, изјави за Ројтерс пред кревањето на американското знаме:

„Официјално повторно ги почнуваме операциите“.

Лангенкемп додаде дека мал број дипломати првично ќе се вратат во дипломатската мисија. Конзуларните операции нема веднаш да бидат обновени, а препораката на Стејт департментот да не се патува во Украина се уште е на сила, истакна портпаролот на американската амбасада.

Американската амбасада беше затворена на 14 февруари, десет дена пред почетокот на руската инвазија на Украина.

Претставници на амбасадата беа стационирани во Полска во првите два месеци од војната, но вршителот на должноста Кристина Квиен се врати во Украина на 2 мај и го посети западниот град Лвов.

Многу западни земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Велика Британија, повторно ги отворија амбасадите во Киев во текот на изминатиот месец, откако руските трупи се повлекоа од северна Украина за да се фокусираат на офанзива на истокот.

Слични содржини