Струјата треба да се штеди, вели Бислимовски за новите блок тарифи

од Nikola Popovski
307 прегледи

Со овие измени на тарифниот систем, сакаме да испратиме сигнал до домаќинствата дека електричната енергија треба да се штеди. Јагледнот многу ни помогнал во изминатите 40 години и сме го имале како ресурс, но резервите се намалуваат. Треба да го користиме, но треба да испратиме сигнал за рационално трошење, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски за предвидените блок тарифи за цената на струјата.

Тој порачува дека уште сега се гледаат контурите на новите измени.

-Ќе имаме три или четири блока, при што последниот блок ќе има цена блиска до пазарната цена на електрична енергија. Јавноста ќе биде запознаена со тарифните измени, со цел да не се доведат во заблуда. Мораме да испратиме сигнал до потрошувачите. Ќе водиме сметка дека има одредени категории на домаќинства, особено надвор од Скопје кои живеат во згради, кои немаат друга опција за греење освен електрична енергија. Целта ни е да допреме до ранливите категории на потрошувачи, енергетската сиромаштија да ја намалиме. Испораката на електрична енергија во одреден дел ќе биде заснована на пазарните принципи, вели Бислимовски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини