Тен Хаг слета во Англија, денеска ќе има средба со раководството на Јунајтед

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Идниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг пристигна во Лондон во средата попладне со приватен авион од Амстердам, објавија британските медиуми. Тој беше придружуван од Мичел ван дер Хаг, кој беше долгогодишен помошник на Тен Хаг и се очекува да биде „неговата десна рака“ кај „црвените ѓаволи“.

Медиумите додаваат дека денеска се очекува да се одржи нов состанок со раководството на тимот на кој ќе се разговара за работата на проектот на Холанѓанецот и новиот изглед на тимот за следната сезона и на трансфер пазарот. Ова ќе биде втор состанок по оној кој се одржа во Амстердам минатата недела.

Тогаш изненадувачки присуствуваше Стив Мекларен, кој, сепак, се уште не е прогласен за официјален дел од штабот на Тен Хаг, иако е баран од него. Тие двајца веќе работеа заедно во Твенте кога поранешниот селектор на Англија му беше тренер, а Холанѓанецот помошник.

Се очекува холандскиот стручњак во недела да присуствува на последниот натпревар на Манчестер Јунајтед за сезоната против Кристал Палас.

Слични содржини