338
Тотенхем се уште не започнал преговори и не испратил понуда за напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала.
28-годишниот Аргентинец во текот на летото стана слободен играч и од неодамна се шпекулира за интерес за него од „мамузите“.
Трансфер гуруто, Фабрицио Романо потврди дека има интерес, но се уште е во многу рана фаза и нема ништо конкретно од страна на лондончани.
„До денес, Тотенхем не започнал преговори за привлекување на Пауло Дибала. Не се водат преговори. Ситуацијата со играчот останува отворена и тој може да биде привлечен од секој на слободен трансфер. Антонио Конте ќе има состанок со шефовите на клубот за да разговараат за идните планови“, истакна Романо.