Турција им порача на своите сојузници дека ќе го отфрли членството на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган во видео објавено на неговиот Твитер профил.
„Ќе ја продолжиме нашата политика на решителен начин, им кажавме на сојузниците дека ќе кажеме не за членството на Финска и Шведска во НАТО“, рече Ердоган.
Финска и Шведска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во средата, одлука што ја поттикнаа руските воени операции во Украина.