СЗО: Русија да овозможи обезбедување здравствена помош во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска ја повика Русија да обезбеди пристап до местата во Украина кои ги контролираат или ги држат нејзините војници под опсада, со цел да се овозможи обезбедување здравствена заштита на луѓето на кои им е потребна.

„Побарав безбеден пристап до Мариупол, Керсон, Јужна Запорожје и другите опколени области за испорака на здравствена заштита, цивилите мора да бидат заштитени“, напиша Гебрејесус на својот профил на Твитер, пренесува „Ројтерс“.

Директорот на Светската здравствена организација изјави дека разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ситуацијата во Украина и улогата на Русија во глобалните здравствени прашања.

Слични содржини