292
Украинската група „Калуш оркестар“ ќе настапи на фестивалот „Sea star“ во Умаг, Хрватска.
Групата привлече големо внимание по триумфот во Торино, а нивната песна „Стефанија“ е една од најслушаните на сите музички платформи.
По победата, тие веднаш се упатија назад во воена Украина.
Сепак, еќе имаат закажано некои настапи, а еден ќе се одржи во Хрватска.
Фестивалот „Sea Star“ ќе се одржи во Умаг на 27 и 28 мај.
Покрај украинскиот бенд, во Умаг ќе настапи и српската претставничка на Евровизија, Констракта, што сигурно ќе ги воодушеви сите евровизиски фанови во Хрватска.
Победниците на Евровизија беа пречекани во Украина од обожаватели и војници, па сите ја испеаја песната која победи на најголемиот музички натпревар во Европа.