МВР информира дека во текот на вчерашниот ден дошло до вооружен инцидент во скопски Синѓелиќ. Имено, синоќа околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје.
Вработени во МВР излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата.
-Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.